Радио Кочани
Кочани

Словенечки грант за фотоволтаични централи на Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и за намалување на загубите на вода

447

Започнува реализацијата на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Вкупната вредност на проектот е  447.872 евра, а грантот е во износ од  223.936 евра,  односно 50 %  од вредноста на проектот. Останатите 50 % се кофинасирање од Општина Кочани.

Со овој проект во наредниот период ќе се инсталираат две фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на кровот на Пречистителната станица во с. Мојанци; ќе се набави опрема за намалување на загубите на вода и ќе се обучи персоналот што ќе работи со таа опрема. Предвидена е и инсталација на водомери на 350 социјално ранливи семејства.

Целта на проектот е со набавка и инсталирање на современа опрема, да се спречат загубите во водоснабдителниот систем, а со производство на струја од фотоволтаичните централи да се намалат сметките за вода на граѓаните на Кочани.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе