Радио Кочани
Кочани

Отворена нова медијатека во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари

465

Во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари пуштена е во функција нова медијатека која располага со богат книжевен фонд и литература на македонски и англиски јазик. Оваа медијатека ќе работи за потребите на учениците, со цел да ги задоволи потребите за нивните наставни содржини. Опремена е со компјутер со пристап до интернет, како и со лаптоп компјутери.

-Секој ученик кој припаѓа на нашето училиште е член на медијатеката и му се нуди можност да има навремено обезбедена лектира, да позајмува книга по сопствен избор, да добие помош во изборот на книгата од библиотекарот, како и користење на електронската литература – истакна директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Соња Иванова.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе