Радио Кочани
Кочани

Зрновци – 170 млади трчаа во чест на Ангелов

1,774

170 момчиња и девојчиња учествуваа на вториот традиционален урбано-ридски крос што се одржа во Зрновци под мотото “МЛАДИТЕ ТРЧААТ” во чест на Васе Ангелов.


„Ви ветувам дека овој прекрасен настан од година во година ќе го растеме и негуваме.


Им честитам на членовите ЛМС – Зрновци на прекрасната организација и опшествена посветеност“, им се обрати на присутните на овој настан, градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.


„На фамилијата Ангелови огромна благодарност за подршката што ја даваа во целиот настан , а за доброто на сите млади во Општина Зрновци“, нагласи Коцев.


Тој упати посебна благодарност до вработените и волонтерите во:
ОУ Синиша Стоилов Зрновци
-Советот и вработената стручна служба во општина Зрновци
-Доброволна планинска спасувачка служба-Осогово ;
-Црвен Крст Кочани;
-МВР ПС Кочани и
-Брза помош при Општа болница Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе