Радио Кочани
Кочани

Наградата „Роман на годината“ Урошевевиќ ќе ја прими на 30 мај

167

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година ќе се одржи утре, вторник (30 мај) во Музејот на современата уметност во Скопје, со почеток во 20 чаот.

Лауреат на наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина“.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари.

На Свеченото врачување ќе настапи и џез бендот на Гоце Стефковски.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе