Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите од ReLOaD 2

657

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2).

По објавениот повик и резултати од евалуацијата на предлог-проектите од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD 2, во овој втор повик одобрени проекти за финансирање се:

1.      ЗГ „Среќни луѓе“ – Кочани: „Градче – да блесне езерскиот бисер“

2.      СЗРЕК „Кочански рибар“ – Кочани: Спортскиот риболов еликсир за младите

3.      Здружение „Еднакви за сите“ – Кочани: Подобро општество за слепите лица во Кочани

4.      Доброволно противпожарно друштво – ДПД – Кочани: Млади волонтери за сигурна средина за живеење

5.      Здружение за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ТИМ ИСТОК“ – Кочани: Запознајте ги убавините на Општина Кочани.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) и кофинансиран од Општина Кочани, кој се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Основна цел на ReLOaD 2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општетство преку транспаретно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе