Радио Кочани
Кочани

В четврток, на 11 мај – промоција на книгата „Планинарско-скијачко друштво Пониква“ од Киро Герасимов и Љубинка Ајтовска

226

Во организација на Клубот за планинарски спортови „Москито“, на 11 мај, во 18:30 ч., во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе биде промовирана книгата „Планинарско-скијачко друштво Пониква“, од авторите Киро Герасимов и Љубинка Ајтовска.

Делото е  составено од четири целини кои говорат за природно-географските карактеристики на Осоговските Планини; патеките и трасверзалите низ Осоговијата; туристичките потенцијали, а содржи и сеќавања на планинари, членови на ПСД „Пониква“ – Кочани.

Издавач на изданието „Планинарско-скијачко друштво Пониква“ е печатницата „Европа 92“, промотор ќе биде Сашко Стефановски, а модератор на настанот – Магдалена Кочовска-Салтирова.

Книгата што ја започна новинарот и публицист Киро Герасимов, а ја дооформи Љубинка Ајтовска, се промовира во пресрет на годишнината од неговата смрт.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе