Радио Кочани
Кочани

Одбележана 118-годишнината од смртта на Никола Карев

489

Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.

Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата,  кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово.

Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ пешачеа од селото Пантелеј до Рајчани, односно до местото Свиланово, каде што загинал Карев.

ООУ „Никола Карев“ го претстави новоуреденото детско игралиште во школскиот двор, коешто е опремено со поддршка од Општина Кочани, локалниот бизнис-сектор и Ротари клубот Кочани-Виница, преку проектот „Направи разлика“, финансиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Директорот Александар Андов соопшти дека во наредниот период ќе се уредат и терени за мал фудбал и за кошарка.

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе