Радио Кочани
Кочани

На 24 април – Младинска крводарителска акција во СОУ „Гошо Викентиев“

132
Почитувани средношколци, студенти и млади лица,
Црвен крст  – Општинската организација  Кочани Ве поканува да земете учество на Младинската крводарителската акцијата што ќе се одржи в понеделник, на 24 април 2023 год. со почеток од 09:00 до 13:00 ч. во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани.
За таа цел ги покануваме сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти.
Мал гест како дарување на крв може да направи голема промена во животот на лицата на кои крвта им е потебна.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе