Радио Кочани
Кочани

Малолетник тешко повреден откако автомобил излета од патот Штип – Кочани

4,534

Вчера околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Кочани, Н.К.(48) од Кочани, управувајќи патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, додека со телесни повреди се здобиле возачот Н.К. и сопатничката Н.К.(37) од Кочани. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе