Радио Кочани
Кочани

Регионалната депонија кај Свети Николе, сепак ќе се гради

604

За да се откочи процесот за изградба на модерна регионална депонија кај овчеполското село Мечкуевци, државата и официјално и ги одзеде ингеренциите на општина Свети Николе за изградба на депонијата.

Живка Михајлова, координатор на проектот вели дека таа локација не била избрана туку така, односно проектот е во поодмината фаза, изработена е студија во вредност од 850.000 евра, финансирана со европски пари.

 

Се очекува до крај на годината да заврши тендерската постапка за избор на компанија. Имено веќе во наредната 2024 г. да се започне со градба.

Инаку, вкупната вредност на сите активности за изградба на регионална депонија за Источниот и северо-источниот регион изнесува 40 милиони евра добиени преку ИПА фондовите, а дел од средствата веќе се потрошени. Следува изградба на трансфер станици и регионална депонија за двата региона кои опфаќаат 18 општини меѓу кои и Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе