Радио Кочани
Кочани

КЈП „Водовод“ – Се полнат со почва ново поставените жардињери…

531

КЈП “Водовод” Кочани продолжува со активности за хортикултурното уредување на ново поставените бетонски жардињери. Одделението за градско зеленило денеска на ул.„Тодосие Паунов„ , по целата нејзина должина, на потегот од кружниот тек кај полициската станица до бензинската станица на “Лукоил” вршеше полнење на жардињерите со почва. Истовремено се уредуваат и бетонските жардињери на улица “Стево Теодосиевски”.

Поради големата должина на сообраќајниците, активностите се изведуваат етапно и синхронизирано во соработка со Општина Кочани. Во првата фаза беше поставен систем за наводнување, а сега се поставува плодна хумусна земја. Реализацијата понатаму ќе продолжи со поставување на декоративни зимзелени растенија, трева и цвеќиња.

КЈП “Водовод” Кочани до завршувањето на сите предвидени активности апелира за внимателно и одговорно учество во сообраќајот на сите учесници.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе