Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани го одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

643

Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се зајакнува поддршката на Ромите, за што беше потпишан и меморандум за соработка.

Напладне, во малата сала на Мултикултурниот центар, под мотото „Заедно можеме“ се одржа културно-уметничка програма, на која свое обраќање имаше градоначалникот Папазов.

Во рамките на програмата беше прикажана видеопрезентација за животот Ромите и беа доделени награди за најуспешните ученички ликовни и литературни творби по повод 8 Април.

Одбележувањето на празникот на Ромите продолжува со попладневна трибина за состојбите во ромската заедница.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе