Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Црвен крст – Општинска организација Кочани во рамки на ЦКА –ПХВ циклусот 2023 год. под мотото „Здравје за сите“ денеска реализираше дефиле низ кочанските улици.
Претставници од основни и средни училишта и волонтерите на Црвен крст пешки со транспаренти со пораки за здравје дефилираа од Градскиот парк до Градскиот плоштад и назад.
Во Градскиот парк Д-р. Јованка Алексова преку кратко едукативно предавање ја истакна важноста на физичката активност во зачувување на сопственото здравје.
Целта на дефилето беше заеднички да се истакне важноста за грижата за здравјето преку пешачење и физичка активност како важен фактор за зачувување на здравјето.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне