Радио Кочани
Кочани

Виница со проект за зајакнување на општинските совети

174

Ќе се подобруваат капацитетите на нови 10 општини преку програмата „Зајакнување на општинските совети“, меѓу кои е и Општина Виница
Во наредните 15 месеци партнерски ќе работиме на подобрување на капацитетите за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните.
Советницте од Oпштина Виница ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските совети, додека општината ќе има можност да искористи грант за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форуми во заедницата.


Втората фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“ е финансирана од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in Macedonia и Министерство за локална самоуправа, а ја спроведува и ко-финансира UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Фејсбук статус на Миле Петков, градоначалник на Општина Виница

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе