Радио Кочани
Кочани

Од Нова година сите вработени во ,,Амфенол Технолоџи Македонија”  добија покачени плати, веќе од април следува и ново зголемување (ВИДЕО)

9,422

,,Амфенол Технолоџи Македонија”  секогаш внимателно ги следи состојбите во економско – социјалната сфера, со цел на своите вработени да им обезбеди лични примања со кои ќе имаат солиден животен стандард.

Поради зголемените животни трошоци како резултат на економската криза и зголемувањето на минималната плата ,,Амфенол Технолоџи Македонија” од 1.04.2023 год. ќе ги зголеми платите на сите свои вработени.

 

И покрај тоа што од Нова година сите вработени добија покачени плати, веќе од април следува и ново зголемување на платите во ,,Амфенол”. Сите вработени ќе добијат нови анекси и повисоки плати. Покрај покачувањата на платите што редовно ги практикува ,,Амфенол” вработените имаат можност да користат и приватно здравствено осигурување,
за лекување во најдобрите приватни болници, како и колективно осигурување за кои трошоците целосно ги покрива компанијата.

И со новото покачување на платите, ,,Амфенол” потврдува дека се реални причините поради кои најголемата компанија во регионот е најбараната и најпосакувана компанија за вработување, чиј број на вработени веќе достигна околу 2700 лица.

,,Амфенол Технолоџи Македонија

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе