Радио Кочани
Кочани

Петков : „Да се престане со оштетувањето на сообраќајната сигнализација!“

394

„Пред неколку денови голем дел од оштетените патни знаци во градот беа заменети со нови, но само по неколку денови истите се оштетени и непрописно свртени“, вели во своето обраќање до граѓаните, градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
„Упатувам апел да се престане со оштетувањето на тукушто поставената сообраќајна сигнализација, бидејќи со ваквото однесување нарушена е безбедноста на сите учесници во сообраќајот!“, нагласува Петков.
Според извршениот увид, во соработка со МВР, против сторителите ќе се превземат соодветни мерки, наведено е во соопштението од страна на виничкиот градоначалник.
Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, Општина Виница има набавено нови сообраќајни знаци, лежачки полицајци и сферни огледала. Истите тековно се поставуваат на места на кои воопшто ги нема и на места каде што се оштетени веќе постоечките.
Инспекциските служби при Општина Виница, секојдневно се на терен и максимално дејствуваат за поправка на старите сообраќајни знаци како и поставување на секаков вид сообраќајна сигнализација.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе