Радио Кочани
Кочани

По повод Светскиот ден на поезијата – Во Библиотеката „Искра“ се одржa работилница под мотото„ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.

143

Денеска во 11 и 30 часот во ЈОУБ „Искра“ се реализираше работилница со ученици и нивните ментори од основните училишта од Кочани, Зрновци и Оризари и со средните училишта од Кочани.


Работилницата е дел од одбележувањето на 21 март, Светскиот ден на поезијата кој библиотеката неколку години по ред го одбележува под мотото „ Уметноста на стихот-спонтано прелевање на моќни чувства“.


За 2023 година Светскиот ден на поезијата ЈОУБ „Искра“ го одбележува и  посветува во чест на Кочо Рацин, 115 години од раѓањето и 80 години од смртта.
Учениците од литературните секции  читаа песни од поетската збирка „Бели мугри“, а учениците од ликовните секции  твореа инспирирани од истите.

Изложбата на ликовните дела ќе се реализира на 21 март, Светскиот ден на поезијата, во 12:00 часот, кога со свои изложби и стручни излагања за ликот и делото на Кочо Рацин ќе гостуваат Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Локална Установа „Народен музеј“ од Велес.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе