Радио Кочани
Кочани

Во пресрет на 8 Март – акција за озеленување на дворот на новата градинка „Детелинки“

717

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Општина Кочани во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и со Детската градинка „Павлина Велјанова“ изведе акција за озеленување на дворот на новата детска градинка „Детелинка“, во населбата Драчевик.

– Комбинацијата на поводот – Меѓународниот ден на жената со изборот на локацијата за пошумување и со целта – да се подобри капацитетот на „белите дробови“ во локалната средина, се испраќа порака дека секоја жена треба да биде свесна за засегнатоста од климатските промени, но и за нејзината важна улога во зачувувањето на животната средина – истакна Кристина Атанасова-Арсова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

– Со денешнава активност сакаме да го нагласиме фактот дека секоја нова установа во која се згрижуваат деца овоможува поголем пристап на жените до работа, а со тоа и нивно економско јакнење – додаде Љупчо Папазов, градоначалник на Општина Кочани.

Во акцијата за озеленување на дворот на новата градинка се садеа јасени и туи, а во неа се вклучија деца, членови на Извидничкиот одред „Ластовица“, Советот на Општина Кочани, претставници на Националната платформа за женско претприемништво, јавната администрација и на граѓански организации.

Акцијата е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе