Радио Кочани
Кочани

Талевски, МАР: Со инвестиции во одржлив развој и одговорно работење домашната рударска индустрија ќе го добие местото во општеството што го заслужува

262

Актуелните кризисо кои се соочува македонската економија не го заобиколија рударскиот сектор, но тој уште еднаш покажа дека е витална стопанска гранка која може да се соочи и со најтешките предизвици и притоа да продолжи со инвестициите и развојот, да испорачува сигурност, стабилност и поддршка за луѓето, за локалните заедници и за економијата на земјата.Ова меѓу друготово интервју за Исток прес го истакнува претседателот на МАР – Македонската асоцијација на рударството,Ивица Талевски. Во него тој се осврнува на значењето на овој сектор за локалните заедници и за националната економија, како и за потребата од стратешки пристап воодржливиот развој на оваа индустрија.

 

Талевски потсетува дека македонскиот рударски комплекс креира околу 8.000 работни места и е една од ретките домашни индустриски гранки која бележи суфицит во трговската размена со странство, која годишно надминува 200 милиони долари, од кои над 75% отпаѓа на извоз на метални руди. Придонесот на рударството во вкупните директни инвестиции во земјата исто така е значаен. На пример, во 2020 година, дури 30,7% од вкупните директни инвестиции кои пристигнале во земјата биле во рударството.Дополнително, во годините пред пандемијата и економската криза, учеството на рударството во вкупното индустриско производство надминало11%. Ова се јасни показателиза значењето и придонесот на овој сектор за развојот на македонската економија.

Претседателот на МАР се осврна и на влијанието на високите цени на енергијатаврз индустријата, коиво текот на минатата година предизвикаапривремено запирање на работните процеси во некои домашни рудници, а тоа пак значеше и пад на вкупнот обем на индустриско производство и извозот на земјата. Некои од предвидувањата укажуваат дека и во текот на оваа година цената на електричната енергија на отворениот пазар ќе остане висока.

„Доколку ваквите неповолнипредвидувања се остварат, тогаш нашата држава треба сериозно да размисли како да им помогне на домашните индустриски капацитети, вклучувајќи го и рударството, за да можат да го одржат своето производство и својата конкурентност на странските пазари каде што извезуваат. Ова е особено значајно и заради фактот што странските компании од оваа индустрија веќе добиваат од своите држави значителна поддршка, најчесто во форма на субвенционирана цена за електричната енергија, што ги намалува нивните оперативни трошоци и им овозможува да пренасочат повеќе финансиски средства во капитални инвестиции за натамошна модернизација на своите рудници и во одржлив развој“,вели Талевски.

Во однос на цените на металите, Талевски ги посочува проценките на меѓународните финансиски институции кои укажуваатна фактот дека најголемите светски индустриски земји во следниот период може да ја забават економската активност, па дури и да се соочат со рецесија. Тоа ќе има негативно влијае на побарувачката и на цената на металите на светските берзи, а тоа пак ќе се одрази на нивото на приходи и развојниот потенцијал на домашните рударски компании.

Во интервјуто, претседателот на МАР го нагласува и значењето на градењетопоголема доверба кон рударската индустрија. Посочувајќи го примерот на  развиените држави каде од поодамна е постигнат консензус дека концептот за одржлив развој, кој подеднакво води сметка за економската, социјалната и димензијата на животната средина, успешно може да се применува и во рударската индустрија, Талевски смета дека истото може се постигне и во нашата земја, доколку се исполнат неколку предуслови.

„Прво, треба да се дефинира долгорочната стратегија за развој на македонското рударство која треба да одговори на прашањето – какви се реалните потенцијали за развој на оваа гранка и на каков начин тие потенцијали може да се активираат. Второ, неопходно е да се воспостави ефикасен систем со кој ќе се осигура дека сите деловни субјекти во оваа индустрија, од најмали до најголеми, доследно и одговорно ги почитуваат стандардите и прописите во сите области кои имаат значење за одржливиот развој на рударството и трето, да се работи на градењето доверба и ефективна соработка со сите засегнати страни од кои зависи успехот на рударството. Само на ваков начин, со посветена работа и исполнување на овие три основни задачи, домашната рударска индустрија ќе го добие место во општеството што ѝ припаѓа, што несомнено го заслужува како индустрија која има значаен придонес за економскиот развој на земјата, која инвестира во нови технологии, вработува и обезбедува егзистенција за луѓето во цели региони од земјата и која вложува во просперитетот на заедницата“, дециден е претседателот на МАР.

Како добар пример за одговорна рударска компанија која ја има поставено одржливоста во фокусот на целокупна своја развојна стратегија, Талевски го посочува  рудникот САСА кој во изминатите пет годиниинвестираше над 30 милиони долари во целокупна моернизација, како и дополнителни 25 милиони долари во новата капитална инвестициска програма, чија реализација е во тек и која треба да овозможи стабилно производство на САСАво наредните години, сигурност на работните места и нови можности за вработувања на младите, зголемена безбедност и заштита на животната средина, како и дополнителни придобивки за локалната заедница и економскиот развој на земјата.

 

 

МАР – Македонска асоцијација на рударството                                                        Скопје, 3 март 2023

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе