Радио Кочани
Кочани

Амбасадорот на Кина во Зрновци

565

Општина Зрновци вчера ја посети Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.
Во присуство на претставници на Економскиот локален совет на општина Зрновци, како и на претставници од бизнис секторот Игор Смиленски и Билјана Митева беше презентирана визијата и стратегија за урбана, економски моќна со здрава животна средина Општина Зрновци.
Н.Е. амбасадор Џанг Ѕуо покажа особен интерес за идна соработка и подршка на Локалната самоуправа за реализација на проекти кои се од витално значање за граѓаните на Зрновци, можна отворена соработка на Кинески компании со приватниот бизнис сектор во општината, поврзување на ЛМС со млади од амбасадата на Р. Кина. Истовремено, тој упати пофални зборови за успешниот пат по кој чекори Општина Зрновци.
Како градоначалник искрејно се надевам дека оваа прва средба ќе резултира со понатамошна континуирана соработка и реализација на дел од проектите со кои располагаме, се вели во изјавата на Борчо Коцев.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе