Радио Кочани
Кочани

Децата од ФА „Љупчо Сантов“ Оризари го промовираа македонскиот фолклор низ цела Европа. Концертите продолжуваат и овој викенд…

937

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов  од Оризари, Кочани во шест дневната турнеа посети седум европски земји  (Косово, Албанија, Свети Стефан, Будва, Тиват, Херцег Нови во Црна Гора, Хрватска, Словенија, Австрија и Италија).


– Со збратимениот Ансамбл од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора имаа две ноќевања во Марибор, Словенија (во планинарски дом на Похорје и во хостел во градот).
– Двата ансамбли на 16-ти и 17-ти февруари одржаа три концерта во домови за стари лица во Птуј и Марибор, Словенија, каде што покрај културата (ората, песните и обичаите), на овие концерти фолклористите се учат и стекнуват искуства за хуманоста, солидарноста и грижата за ранливите категории на луѓе. Словенија е со најголем степен на заштита на стари лица во Европа.


– Слободното време го искористија за прошетка до Грац, Австрија. Имаа ноќно санкање во Похорје ски ресорт во Марибор.

Посета на езерото во Блед, Словенија.
– На 18-ти февруари Ансамблите имаа настап на концертот по повод 30 годишнината од постоењето на МКД Илинден, Јесенице, Словенија и заедничка забава и дружење во просториите на МКД Кирил и Методиј во Крањ. Фолклористите по забавата има ноќевање во домовите кај членовите на двата македонски клуба во Крањ и Јесенице.
– Последниот ден од турнеата, т.е 19-ти февруари беше искористен повторно за прошетка до Трст, Италија. Имаа шопинг во трговски центар во Риека во Хрватска.
Ова беше прилика, децата да стекнат нови запознавања и пријателства.о

Активностите на Ансамблот на меѓународна сцена продолжуваат и овој викенд. Ансамблот ќе биде гостин на годишниот концерт на долгогодишните пријатели и соработници КУД Медвеџа, Медвеџа, Трстеник, Србија. Концертот ќе се одржи на 25.02.2023 година. Патувањето во централна Србија, Шумадија, фолклористите ќе го искористат за посета на позначајни знаменитости и места од шумадискиот крај.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе