Радио Кочани
Кочани

70-годишен возач прегази 86-годишен пешак во Виница

4,920

На 14.02.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ и ул.„Маршал Тито“ во Виница, товарно возило „фиат добло“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Н.(70) од Виница удрило во пешакот С.Н.(86) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н. констатирани во Јавната здравствена установа во Виница, информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе