Радио Кочани
Кочани

Од полноќ поевтинува дизелот

304

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи денеска да не се менуваат цените на бензините и мазутот, па од полноќ тие ќе се продаваат според актуелните цени

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува за два и пол денари и ќе се продава по 76 денари за литар.

Според одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), освен дизелот, за два денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе чини 75 денари за литар.

РКЕ одлучи денеска да не се менуваат цените на бензините и мазутот, па од полноќ тие ќе се продаваат според актуелните цени. Литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 82 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар, а мазутот ќе се продава по 41,411 денари за килограм.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе