Радио Кочани
Кочани

Продолжен ловот на дива свиња до 31.03.2023 год. во ловиштата „Полаки“и „Бање“ – Кочани.

301
Поради големиот број на заболени диви свињи од Африканска свинска чума на
Осоговските планини ,и нејзиното брзо ширење, ловот на дивата свиња се
продолжува до 31.03.2023 год. во ловиштата „Полаки“и „Бање“ – Кочани.Според
Решението од Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство број 50-
1594/1 од 03.02.2023 год. кое се повикува на Решението од Агенцијата за храна и
ветеринарство број 10-411/1 од 02.02.2023 год. во ловиштата кај кои е потврдена
африканската свинска чума ќе се спроведува санитарен отстрел на дивата свиња а во
ловиштата каде не е потврдена ќе има засилен отстрел на дивата свиња и тоа се
однесува на сите ловишта кои се на левата страна од автопатот Е-75, кои се протега
од Табановце до Богородица, односно во источниот дел од Република Северна
Македонија.
Ловот треба да се организира во групи поголеми од 10 ловци и да биде без
ловечки кучиња. За секоја отстрелана или најдена умрена дива свиња, треба да се
извести надлежниот инспектор по ветерина или ловочувар за понатамошна постапка
по веќе утврдените протоколи од страна на Агенцијата за храна и ветерина. Начинот
за издавање на дневни дозволи останува ист како и во претходниот период
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе