Радио Кочани
Кочани

Тоше Манов спортист на Кочани за 2022…Прогласени најуспешните (ВИДЕО)

1,126

Фудбалскиот третолигаш, ГФК „Осогово“, го собра највредното во Изборот на најуспешните спортисти на Кочани за 2022 година. Голгетерот на „жолто-сините“, Тоше Манов, е спортист број 1 на Кочани за преходната година. Бранко Богатинов, номиниран од „Осогово“, е најдобриот спортски работник. Јован Манев, кој потекнува од „миленичето“ на кочанската спорстка јавност, а сега настапува за турски прволигаш, доби посебно признание за афирмација на кочанскиот и мак-фудбал. Здружението на граѓани „Никола Мантов“, пак, е наградено, посебно за сето она што го стори во претходната година за ГФК „Осогово“ и што покажа како се сака и работи за доброто на еден спортски колектив.


Пингпонгарите на „Кочани“, суперлигаш, се најдобриот клуб на градот за 2022, а Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“ е тренер на годината.
Изборот го извршија новинари на Радио Кочани, ТВ Кочани ЛД, Гласно и Комарец. Прогласувањето на најуспешните спортисти на Кочани за претходната година вечерва беше извршено во Хотел „Национал“ ….

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе