Радио Кочани
Кочани

Поскапуваат бензинот и дизел горивото

306

Вечерва по полноќ поскапуваат горивата, бензините за 1 денар за литар, а дизелот за половина денар.

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека со нејзината одлука  се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто. Од вечерва по полноќ максималните цени во малопродажбата ќе изнесуваат:

– Моторен бензин Еуросупер БС – 95               84,00  (денари/литар)
– Моторен бензин Еуросупер БС –98               86,00  (денари/литар)
– Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)              84,50  (денари/литар)
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)       82,50  (денари/литар)
– Мазут М-1 НС                                                  41,346(денари/килограм)

 

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344 отсто, кај дизелот за 1,201 и кај мазутот за околу 1,362 отсто, додека намалување во просек за 0,948 отсто има кај екстра лесното масло за домаќинството.

Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,333 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе