Радио Кочани
Кочани

Зрновци – Се уредува патот до Девичен вир

753

После неколку децении статус-кво состојба, Општина Зрновци започна со уредување и проширување на планинскиот патен правец што го поврзува општинскиот центар со викенд населба кај м.в. Девичен вир.
Откако ќе заврши првата фаза од оваа градежна активност, патот ќе биде тампониран и валиран и ќе биде широк 5 метри.
Со реализација на овие активности, на сите љубители на природата, планинарите, истражувачите, посетителите на Општина Зрновци ќе им биде значително олеснет пристапот до убавините на Плачковица, вели градоначалникот Борчо Коцев .

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе