Радио Кочани
Кочани

Водици неработен ден за граѓаните на православната вероисповед

690

Богојавление „Водици“ е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Македонија, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.

– Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2023 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република  Македонија, пишува во соопштението на МТСП.

Истовремено, Министерство за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление „Водици“ на граѓаните од православната вероисповед.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе