Радио Кочани
Кочани

Првото новороденче во Кочани – женско

5,742

Синоќа, на Акушерското одделение во Општа болница – Кочани се роди првото бебе во 2023 година. Дваесет и осумгодишната Ангела Крстова од Кочани роди здраво женско дете, второ во семејството Крстови.

Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,2 килограми, долго 51 сантиметар,  и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети мајката и новороденчето. Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.

податоците од Општа болница, во 2022 година во Кочани се родиле 20 новороденчиња повеќе од претходната

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе