Радио Кочани
Кочани

Василица се чекаше масовно кај Парaклисот Св.Димитриј во населбата „Трајаново Трло“ Koчани – среќната паричка за Јована Стојанова

1,640

Иницијативниот одбор за организација на Василичарскиот оган во кочанската населба „Трајаново Трло“ оваа година за прв пат го организираше овој убав настан во знак на чествување на нашиот православен празник Василица.

Мештаните од населбата, кај Парклисот „Св.Димитриј“ со повеќе од 70 фамилии се собраа околу василичарскиот оган, со греана ракија, вино и мезе  ја дочекаа Новата година според Јулиjaнскиот календар.

Се бараше и паричето. кое оваа година падна кај Јована Стојанова.

Д.Михајлов

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе