Радио Кочани
Кочани

Христос се роди: Слава на Бога во висините, на земјата мир, a меѓу луѓето добра волја!…

333

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија.

Празник на радоста и надежта, а именден празнуваат: Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана, Ристовка…) Божик спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот синот Божји Исус Христос.

Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики.

Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди”, на што одговараат со „Вистина се роди”.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе