Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели:
„Почитувани сограѓани,
Ви ги честитам православните празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат во Вашите срца.
Среќен Божиќ, Христос се роди!“
Градоначалник на Општина Кочани,
Љупчо Папазов
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне