Радио Кочани
Кочани

Дали тогаш било ефтино, или сега е многу скапо?

1,533

Наближува Стара Нова Година, 14 ти jaнуари е датумот кога православните верници според јулијанскиот календар ја започнуваат новата година.

Радио Кочани случајно дојде до ценовник од 13ти Јануари  1992 година кога во угостителските објекти свечено се празнувал дочекот.

 

Изненадувачки сме подзаборавиле дека ракија и вино сме нарачувале за 20 денари, вода за 10,

а пивото во рестораните се плаќало 30 денари.

Најскап и тогаш па и сега бил коњакот „Шток“ кој пред 30 години чинел само 40 денари.

 

Денешните цени во угостителството добро ви се познати, а сите знаеме дека се за 3-4 па и 5 пати повисоки.

Дали за толку ни се зголемил стандардот или рестораните ни се поотмени?

Просудете сами!

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе