Радио Кочани
Кочани

Електродистрибуција вработува електро – монтер

528

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија.
Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Корисничките Енерго Центри во Група 2, бараме: ЕЛЕКТРО-МОНТЕР (М/Ж) со место на работа во Прилеп, Охрид, Кавадарци, Струмица, Кочани, Гевгелија, Струга.
Работни задачи:
Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
Отчитување на податоци од броила
Контрола на приклучоци и мерни места
Замена на броила на корисници
Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
Помош при отстранување дефекти
Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила
Потребни компетенции: IV степен електротехничко образование – Електротехничар – енергетичар
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
Возачка дозвола Б категорија
Одговорност, тимска работа
Комуникативност, флексибилност
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [email protected] испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 10.01.2023.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе