Радио Кочани
Кочани

Во несреќа на моторна санка загина Кен Блок познатиот рели возач и дрифтер….

817

Годината ја започнуваме со навистина тажна вест – од Hoonigans тимот пристигна известување дека во несреќа на моторна санка загина Кен Блок.

 

Кен Блок беше успешен рели возач, но вистинска автомобилска ѕвезда благодарение на Gymkhana видеата и соработките со огромни автомобилски компании и брендови. Според официјалните информации кои пристигнаа од властите, Кен Блок загинал коа моторизираната санка која ја возел се превртела и паднала врз него. Имаше 55 години.

 

Блок ги имаше најголемите лудории на четири тркала во изминатите две децении, но покрај егзибициите со автомобилите, во својот живот се занимаваше и со мото-крос, скејтбординг и сноубординг.

Кен Блок ќе остане незаменлив талент во автомобилизмот и човек кој инспирираше многумина да го следат во неговите стапки. Низ годините ни понуди навистина многу возбуда со неговите видеа и едноставно нема да го заборавиме. Изразуваме сочувство до неговото семејство.

 

 

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе