Радио Кочани
Кочани

Виничкиот градоначалник Миле Петков вели: „Не фрлајте отров, тоа не го решава проблемот со кучињата скитници !“

511

Најостро го осудувам и повикувам МВР Виница во соработка со надлежниот инспекторат да го расчисти случајот со фрлање отров за кучиња на две локации во градот, пред Стопанска Банка и ОУ “Славчо Стојменски”, вели преку фејсбук објава градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
Апелирам, до сите граѓани, фрлањето на отров не е решение за проблемот со кучињата скитници.
Единствен начин на кој може да помогнете за решавање на овој проблем е со пријавување на телефонскиот број 071/588-882 на појави на кучиња скитници, каснување и напад од куче, како и пријава за мачење, злоупотреба на кучиња и фрлање отров, за кои од страна на општината ќе бидат превземени соодветни мерки согласно Закон или овие пријави ќе бидат процесирани до надлежните, информира Петков.
Сакам да ја информирам виничката јавност дека работиме на решавање на проблемот со кучињата скитници и откако стапив на функцијата градоначачаник на Општина Виница спроведени се 5 акции за заловување на кучиња скитници, врз основа на претходно склучени два Договори за услуги.
Во акциите се заловија над 50 кучиња и истите во понатамошниот третман беа третирани според Законот заштита и благосостојба на животните, нагласува виничкиот градоначалник, Миле Петков.
Со Буџетот за 2023 година дополнително ги зголемивме финансиските средства кои општината до сега ги издвојуваше за решавање на проблемот со кучињата скитници.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе