Радио Кочани
Кочани

Конкурс за расказ за млади автори

137

Деновиве е распишан првиот Конкурс за краток расказ за млади автори „Тврдоглави“. На конкурсот со по еден расказ можат да учествуваат автори на возраст од 16 до 25 години. Расказот треба да биде необјавен, напишан на македонски јазик и да не надминува 10.000 карактери.
Конкурсот е отворен до 31 декември 2022 година, а расказите се испраќаат под шифра на електронската адреса [email protected]
Тричлената жири-комисија, која ќе биде составена од еминентни писатели, критичари и професори, ќе додели три награди, и тоа прва награда во вредност од 60.000 денари, втора награда од 20.000 денари и трета награда од 10.000 денари.
Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари 2023 година, а врачувањето на наградите ќе биде на 31 јануари 2023 година.
Трите првопласирани раскази ќе бидат објавени во посебна публикација.
Организатори на конкурсот се Блу ИТЦС, Ротари клуб Скопје Камен мост, Принт Фактори, Исо Консалтинг, Данаи Фарм и Гастро Сервис Плус.
Повеќе информации на www.tvrdoglavi.mk

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе