Радио Кочани
Кочани

Работен состанок за ревизија на Пречистителната станица во с. Мојанци

315
Денеска во салата за состаноци на Општина Кочани се одржа работен состанок за ревизија на работењето на веќе спроведениот проект за Пречистителната станица во село Мојанци, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција – СЕКО.
Состанокот беше одржан помеѓу градоначалникот на Општина Кочани и Françoise Salamé-Guex, СЕКО, Станислава Додева и Carmen Thönissen, Швајцарска амбасада, како и Daniel Scheidegger, Giolitta Shadlou, Laurent Crémieux, Швајцарска канцеларија за ревизија.
Пречистителната станица во село Мојанци претставува капитален и значаен објект во кој се применува најсовремената технологија за пречистување и третман на отпадни води и се промовира самоодржливоста, кадешто 70% од енергијата која се троши е од сопствено производство.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе