Радио Кочани
Кочани

Известување за остварена заштеда на електрична енергија во Општина Кочани

585
Општина Кочани заедно со буџетските корисници (училишта, градинки и библиотека) за месец октомври 2022 година во однос на месец октомври 2021 година има остварена вкупна заштеда од 41%.
Имајќи предвид дека во Oпштина Кочани во периодот од 2015-2017 година беше направена замена на постоечките живини со нови ЛЕД светилки, веќе беше постигната континуирана заштеда од 60% во изминатиот период во однос на потрошувачката пред реконструкцијата и модернизацијата на јавното осветлување.
Исто така, за дел од јавните објекти беа спроведени мерки за енергетска ефикасност што овозможи дополнителни заштеди.
Заради специфичниот систем за водоснабдување во град Кочани и напорите за непрекинато и континуирано водоснабдување на населението, КЈП „Водовод“ се задржа во рамки на потрошувачката на електрична енергија од претходните години.
Потрошувачката на електрична енергија на КЈП „Водовод“ влегува со 86% во вкупната потошувачка на Општина Кочани, што придонесува крајната заштеда на ниво на општина да изнесува 8,3%.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio