Радио Кочани
Кочани

Голем празник за православните – Денеска се слави Свети Архангел Михаил

147

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември. Денеска е Собор на св. архангел Михаил.

Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите.

 

 

Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.

Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели.

Овој празник, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе