Радио Кочани
Кочани

Tеатарска претстава ЈЗУ „Европа“ по повод одбележување на Мoвембeр – месецот на машкото здравје

202

Општина Кочани во соработка со Ротари клубот Кочани-Виница организира настан за одбележување на Мoвембeр – месецот на машкото здравје.

 

Настанот е закажан за в петок, 25 ноември, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток од 19 часот.

Ќе биде прикажана театарската претстава ЈЗУ „Европа“, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во изведба на Театар Штип и во режија на Кристина Атанасова Арсова. Настанот ќе има донаторски карактер, а влезницата за претставата чини 250 денари и може да се набави во кафетериите Класик и Пролет.

Во настанот ќе има и едукативно предавање за одржување на менталното здравје, а предавач ќе биде д-р Дарко Иванов, психијатар од Центарот за ментално здравје во Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе