Радио Кочани
Кочани

Мицкоски од Зрновци: И покрај малкуте средства со кои располага општината се реализираат проектите кои што се ветени

469

Не може да се сокрие задоволството кога човек е присутен онаму каде што се реализираат проекти, како што се овде денеска во Зрновци, една мала општина како што е Зрновци покажува дека и покрај скромните би рекол многу мали, минимални средства и услови со кои што располага самата општина успева да реализира проекти кои што многу значат за жителите овдека во општина Зрновци и овде во Мородвис, и во Видовишта и така натаму. Значи една многу посветена работа од страна на градоначалникот и од страна на администрацијата овдека во општина Зрновци, јас само ги охрабрувам така да продолжат.

За една година реализирани се проекти навистина многу значајни кои што се дел од програмата на градоначалникот кој што ја претстави на минатогодишните локални избори каде што победи уште во првиот круг убедливо се разбира и покажуваме еден поинаков пристап на работите кој што е спротивен од она  што го покажува власта, многу посветена работа, многу чесна работа и работа која што испорачува за разлика од тоа што го прави владата каде што нити некој работи, а и тоа малку што се работи изобилува со многу контраверзии, многу криминал и многу основано сомнение за корупција. Не се сите исти, различни сме и затоа на следните предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство, а мнозинство кое што ќе гарантира преродба на цела Македонија, без разлика дали имаме градоначалници или немаме градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тоа е она кое што го очекуваат од нас граѓаните, надеж и таа надеж ВМРО-ДПМНЕ ја носи насекаде со себе изјави Мицковски

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе