Радио Кочани
Кочани

Коцев: Општина Зрновци се менува, во патната инфраструктура се инвестираа 6 ипол милиони денари, а реконструиран е и културниот дом

520

Денес при посетата на  претседателoт Мицкоски во општина Зрновци, извршивме увид во градежните активности кои што се одвиваат во село Видовиште и село Мородвис. Односно изградба и реконструкции на улици во село Видовиште во вкупна должина од 600 метри и во село Мородвис изградба на улица во должина од 100 метри.

Оваа година како што ја започнавме така и ја завршуваме со многу енергија, многу труд, постигнавме одлични резултати за реализација на проектите кои што на самиот почеток ги превидовме заедно со Советот, стручната служба и локалните претпријатија во општина Зрновци.

Во делот на патната инфраструктура Општина Зрновци инвестираше 6 ипол милиони денари. Во делот на комуналната и водоводната инфраструктура во постапка се изградба на два резервоари во село Видовиште и во село Зрновци во висина од 2 ипол милиони во Зрновци и во висина од милион и 700 илјади денари во село Видовиште.

Изградена е каптажа во село Мородвис со кое што решивме дведецениски проблем и на еден начин домаќинствата имаат постојано водоснабдување во ова село.

А, во делот на поддршка на културата реконструиран е културен дом во село Мородвис во висина од милион и 700 илјади денари, средства обезбедени од Бирото за развој и околу 700 илјади денари сопствен буџет од Општина Зрновци.

Исчистени се повеќе депонии, потпишан договор за дислокација на постоечката депонија во Зрновци.

Во делот на спортот изготвен е проект кој што ќе започнеме со реализација на пролет во висина од 6 ипол милиони денари во село Мородвис. Воедно, потпишани се договори и обезбедени средства за изградба на помошни канали за наводнување Морошка вада и Виничка вада, во должина од 1.400 метри Виничка вада, и 850 метри Морошка вада.

Изградба на три каскади во течението на река Зрновка за наводнување на земјоделските површини со што трајно го решаваме проблемот на земјоделците и ја олеснуваме работата во нивните земјоделски површини.

На еден начин општина Зрновци со најмал буџет, од сопствен буџет од 7 милиони денари ние успеавме оваа година да направиме инвестиции над 30 милиони денари.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе