Радио Кочани
Кочани

Револтирани граѓани од најавената сеча на дрвјата кај Автобуска – Сте биле ли на часот кога се учи дека дрвата се бели дробови на урбаната средина ?

952

Граѓаните од Кочани апелираат до надлежните да се откажат од масакрот на повеке годишните дрва кај пазарчето кај автобуската, вели во ектронската порака доставена до Радио Кочани, Орце Николов.
Многу дрва се исекоа а ниедно не се засади. Паркот го направија плоштад наместо парк, или значењето парк за надлежните има друго значење. Кочанчани да би сакале да излезат во парк со зеленило мора да возат километри надвор од градот. Земете ја Виница, Велес, Струмица, за Скопје не правиме муабет. Тоа се паркови а не бетонирање и бекатон. Просторот кај панаѓурот каде жителите реагираат да се направи парк , наместо парк тие го испланираа за бизнис и правење згради. Дали надлежните имат учено биологија или не биле присутни на часот дека се раскажува дека дрвата се бели дробови на една урбана средина. Апелираме да се запре со масакарот и да се адаптира планот со постоечките дрва, нагласува во елтронската порака, граѓанскиот активист, Орце Николов.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе