Радио Кочани
Кочани

9,5 милиони денари за за бетонирање помошни канали за наводнување на земјоделски површини

254

9 500 000 денари обезбедени сретства за бетонирање помошни канали за наводнување на земјоделски површини и изградба на каскади :
Виничка вада во должина од 1370 метри.
Морошка вада во должина од 850 метри.
Три каскади на река Зрновка за регулација на води за наводнување на земјоделски површини.
Како дел од програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година, општина Зрновци ќе започне со реализација на проект ” Подобрување на состојбата со каналите за наводнување и одводнување со изградба на каскади на река Зрновка”.
Со реализација на овој проект значително ќе се олесни работата на земјоделците со поефикасно обезбедување на динамика и количина на вода за наводнување, воедно ќе се заштитат асвалтираните патни правци покрај каналите, кои се на постојан удар од надојдените излеани води.
Текстот е преземен од фејсбук објава на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе