Радио Кочани
Кочани

Започна 16. Саем на книгата 2022

440
Денеска започна 16. Саем на книга во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Саемот ќе трае од денеска 7 ноември до 12 ноември, секој ден од 10 до 18 часот.
– Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови – истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“ – Кочани.
Во склоп на денешното свечено отварање на саемот, беа доделени наградите од литературниот конкурс „Нејзиното височество – книгата“ којшто беше објавен за основците и средношколците.
За најдобар расказ, награден со прво место од основците беше расказот на ученичката Мелани Велкова. Мелани е ученичка во VI- 2 одделение, од ОУ ,,Св.Кирил и Методиј” нејзин наставник – ментор беше наставничката Катерина Лазаровска.
– Саемот на книга е од голема важност, бидејќи преку него се афирмира пишаниот збор и со достапните најнови изданија издавачките куќи ја прават книгата достапна до читателите, граѓаните, учениците… Ова е добра можност посакуваните дела да се најдат на полиците на љубителите на пишаниот збор – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, којшто го отвори овогодинешниот 16. Саем на книгата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе