Радио Кочани
Кочани

Со свечена заклетва, првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација

1,097

Денеска сите првачиња од основните училишта од нашиот град присуствуваа на организираниот настан во Градскиот Парк од страна на Одделението за јавни дејности од Општина Кочани, кадешто ја дадоа свечената заклетва за прием во Детската организација.

Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма со што им посакаа добредојде во Детската организација.

Имено, секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во Кочани Детската недела се одбележа со многубројни настани и активности.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе