Радио Кочани
Кочани

На 22 септември ќе се реализира велосипедската тура „По патеката на оризот“

323

По повод Меѓународниот ден без автомобили, в четврток, на 22 септември, Општина Кочани ќе ја организира велосипедската тура „По патеката на оризот“.

Годинава велосипедистите ќе возат на  релацијата: Кочани – Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Кочани. Поаѓањето е во 16 ч. од Градскиот плоштад.

Поддршка на одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили ќе даде Ротари клубот Кочани-Виница, кој за учесниците на велосипедската тура обезбеди рефлектирачки елеци, со што го свртува вниманието кон зголемена заштита и безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

На велосипедската тура ќе учествуваат рекреативци, ученици, членови на спортски и велосипедски здруженија, а можат да се вклучат сите љубители на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Турата ќе биде спроведена според протоколите за безбедност во сообраќајот од страна на Одделението за внатрешни работи – Кочани.

Со овој настан Општина Кочани се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност и го поттикнува користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе