Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Утре (12 јули), во периодот од 10:30 до 11:00 часот, ќе се изврши осветување на новопоставениот Крст кај кружниот тек во близина на „Национал“ во Кочани.
Чинот на осветувањето ќе го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештениците од кочанското архиерејско намесништво.
Крстот е поставен во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот во дискотеката „Пулс“, а на осветувањето се очекува присуство на граѓани, семејства и верници кои ќе им оддадат почит.
