Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
18-годишна девојка од виничко приведена во Кочани – возела без дозвола и во спротивен правец на кружен тек
Осумнаесетгодишна девојка од виничко е приведена рано утрово во Кочани, откако полициска контрола утврдила повеќе прекршоци при управување со возило.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Кочани околу 03:00 часот на улицата „Димитар Влахов“ запреле патничко возило „Фолксваген Пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Р. (18).
При контролата било утврдено дека возачката се движела во спротивна насока на кружниот тек, а дополнително било констатирано дека управувала со возилото без да има стекнато право за управување, односно без возачка дозвола.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
